Saturday, May 31, 2014

Николај Леонов (Николай Леонов)

Последна песна и видеоклип на артистот Николај Леонов.

Тој загина во камионот што ги превезуваше ранетите од аеродромот во Донецк. Војната носи војна, насилието - насилие. Смртта носи смрт.

Текстовите во песните на Николај биле општествено ангажирани. Еве песна посветена на војникот на руската армија, Евгениј Родионов, кој загинал во Чеченија, во 1996, со страшна, маченичка смрт како резултат на тоа што кога бил заробен од Чеченците се откажал да го симне ланчето со крстот од вратот. 
Во песната Николај пее: „Не се сомневам, брате ти си на небесата. Во моите очисолзи на радост и тага, за таквата, братче, твоја смрт, може само да се мечтае. Кој знае - ќе разбере, слабите не можат да разберат... мечтаам да умрам како тебе.„ Овие зборови на Николај сега му ги пишуваат како последен поздрав.

Последната запис на неговиот профил на 18-ти мај гласи: „Молете се за мир, православни! Доста со уништување на украинскиот и рускиот народ! Да се покаеме и да си простиме! Бараме од властите прекинување на војната! Секој ден гинат луѓе, сите ние сме виновни за тоа! Сме сатанисале и си ја лиеме крвта еден на друг, како можеме така?„ http://vk.com/orthodox82
Николај ја барал Божјата вистина
http://vk.com/orthodox82?z=video16062645_168285273%2F37ce0cde3637d74612, според тоа што го дознав за него не верувам дека отишол таму да убива, сепак се нашол таму затоа што, најверојатно не можел да остане мирен во такви околности.
Веста за смртта е тука: http://www.pravoslavie.ru/news/71134.htm

Дали последните зборови на Николај можат да ги освестат сите конфронтирани страни во граѓанската војна што се разгорува во Украина? Или пак тие нема да бидат ниту слушнати, ниту разбрани; и како одмазда на неговата и на смртта на неговите другари ќе се разгори уште поголемо братоубиство?

„Молитесь за мир православные! Довольно уничтожать украинский и русский народ! Каемся и прощаем друг друга! Требуем от властей прекращения войны! Каждый день погибают люди и мы все виновны в этом! Осатанели все и льем кровь друг друга, как можно так?„

No comments:

Post a Comment