Tuesday, May 13, 2014

Да живее Украина! Слава на хероите!




Украинците треба да си ја научат сопствената химна. Во неа е испеано:

Душу й тіло ми положим за нашу свободу. І покажем, що ми браття козацького роду.
----------
Ќе ги жртвуваме и телото и душата за нашата слобода. И ќе покажеме дека ние сме браќа на козачкиот род.

Се срамат ли од овие зборови? Но така беше, чим одлучиле и во зборовите на химната да го овековечат. Така се создаде украинската нација - во нејзиното создавање голем удел има руската култура, рускиот јазик... тие две култури се сплотени или пак и првично биле обединети.
И што сега, да се преработи и нов начин да се гледа историјата? А што да се прави со географијата? Границите ги признаваат, а луѓето не им одговараат? И во срцата на луѓето како да се справат со чувствата? Како да ги принудат да се чувствуваат поинаку? Со сила? Па на силата ќе се врати со сила. И тогаш, што? Мислат ли за ова младите и незрели луѓе, коишто со насилство сакаат да докажат нешто некому? Како ли имаат намера да го задржат интегритетот на Украина? Со насилство? Со убиства? Со спалување луѓе?
Одлучија да ги преземат нацистичките симболи. А можат ли да станат фашисти? Имаат ли таква решителност? Ќе треба да ги убиваат луѓето што им се блиски и слични. Такви што само размислуваат поинаку. Треба да ги убиваат оние кои носат оружје а и тие кои не носат, и мажите и жените, и децата. Можат ли? Можат ли да уништат или протераат неколку милиони луѓе од државата? И мислат ли дека тоа би останало неказнето? Како пример нека послужат судбините на германските фашисти.

Еве кои се возможните исходи од ситуацијата:
Со тоа што украинската армија се бори со сопствените граѓаните во источниот дел на земјата, а покрај тоа таму оперира и нелегалната Национална армија, само може да се предизвика руската интервенција во конфликтот. И што може да се очекува во тој случај освен масовно братоубиство? Ќе загинат многу украински граѓани и многу украински и руски војници. Русите ќе ја ослободат (окупираат) Украина од хунтата и од националистите и ќе се погрижат сето што се случи да не се случи повторно.
Ако во конфликтот се вмешаат и други земји тогаш можно е да настане светска војна. Исходот на таа светска војна не може да се предвиди, но може да се предвиди дека ќе има многу големи загуби кај сите вмешани страни. И дефинитивно ќе има огромна загуба Украина, бидејќи на нејзината територија ќе се лоцираат повеќето фронтови. Ќе остане ли население за да ја зачува украинската нација? Ќе се сочуваат ли услови за постоење на живот на планетата Земјата?

И што да се каже за крај?
Да, да живее Украина! Да, слава на хероите.
Но херои се оние луѓе кои штитат и создаваат, а не оние кои напаѓаат и уништуваат.

No comments:

Post a Comment