Monday, May 19, 2014

Да ја сакаш Македонија

Луѓе, имате држава - почитувајте ја и чувајте ја. Оставете ги државните органи и институции да работат. Со тоа што повикувате на одмазда, на самосуд, со тоа ја негирате и го загрозувате постоењето на сопствената држава. Ако не верувате во институциите на системот, ако не верувате во демократските механизми на државата, тогаш учествувајте во општествениот живот, па, преку граѓански активизам, преку политички партии, преку медиуми - кажувајте, пишувајте, критикувајте, барајте, здружувајте се со други истомисленици, „борете се„ за својата вистина. На крајот на краиштата кога излегувате да гласате на избори, направете го тоа свесно, со разбирање на тоа која политичка опција е подобра за унапредување на Македонија во конкретните околности. Не бидете тапо топовско месо.

 http://fokus.mk/i-mijalkov-vo-g-orche/

No comments:

Post a Comment