Friday, August 8, 2014

Светска хипокризија

Министерот за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс, во својот Фејсбук статус пишува:
„Замисли дека твојата земја има различно мислење од соседната, која е моќна. И дека моќниот сосед, сака неговото мислење да ти го наметне, но мнозинството од твојата земја не се сложува со тоа, и поради тоа, прави поинаков избор. Моќниот сосед се налутува поради тоа и одбира дел од твојата земја и почнува да пука, со надеж дека оружената борба ќе донесе хаос и слабеење, што оди во прилог на нејзиното задоволување. Тоа е пристапот што го има Русија кон Украина. Пристап што води кон голема вооружена пресметка во Источна Украина, со големи интернационални последици. Пристап, кој ако се толерира, при нови различности во мислењата со соседите, Русија би го применила и на други места во Европа. Пристап кој создава закана за Европската и интернационална безбедност.Од огромно значење , исто и за Холандија, е да го убедиме претседателот Путин, дека ваквиот пристап не оди во ничија корист, и дека дури е опасен и за самата Русија. Иако изгледа, дека Путин продолжува и покрај тоа со ваковиот пристап, па дури и повеќе од тоа. Со тоа ЕУ, Америка и западниот свет не можат ништо друго освен да превземат санкции, и покрај тоа што и ние од нив ќе бидеме засегнати. Само со непоколебливост и едногласност би можеле да го мениме Рускиот курс, кон курс што претставува интернационално признеан прицип, по кој секоја земја сама смее да одлучи за својата иднина, и дека другите земји немаат право да се се обидуваат да наметнуваат своја воља, со грабнување земја и предизвикување немири.“ (превод на Синоличка Трпкова)


Мое мислење е дека ова „објаснување„ на состојбите делува или многу наивно (повикување на некакви етички норми во меѓународното право и во односите меѓу државите); или многу итро, и е пресметано на човек со слаби логички, резонирачки и компарациски капацитети, за добивање, преку поддршка од јавното мислење, на алиби за дејствија на неговата држава, и на државите со кои неговата држава е во кооперација, токму спротивни на погореспоменатите етички норми. Кога гледаш дека станува збор за изјава на дипломат на значајна држава во западниот свет доаѓаш до заклучок дека во изјавата нема никаква наивност и со тоа првата теза паѓа во вода. Зарем на овој диломат, кога и сам учествува во процесите, не му е јасно дека во меѓународната политика владее силата и интересите? Преку геополитика се добива стратегиска предност па потоа преку закана со воена сила се остваруваат економски интереси на определен круг на земји меѓу кои е и земјата на посечениот политичар, Холандија. Ним им одговара позицијата на хегемнони во меѓународната политика затоа што таа им нуди економски бенефит, па затоа тие, на сите можни начини сакаат да си ја задржат таа позиција. Што ќе каже овој политичар, и дали ја оправдува политиката на западните држави на мешање во внатрешните работи на Украина за да се смени претходниот (избран на легални избори) претседател на Украина, Јанукович? Сигурно, со методите на двојни стандарди тие или премолчуваат или го оправдуваат тоа мешање во внатрешните работи на суверена држава со флоскулите: борба за демократија, ненародна власт и т.н.
Ќе одговори ли овој политичар зошто продолжува да постои западниот воен сојуз, НАТО, кога неговиот воен опонент, источниот воен сојуз се самораспушти? Зошто во НАТО се примаат нови членки? Зошто НАТО се ближи кон границите на РФ и покрај дадените вербални ветувања дека тоа нема да се прави?
И зошто овој политичар, конфликт кој се одвива во рамките на Украина го „објаснува„ како напад на големата Русија врз малата Украина?
Целта е јасна, западните држави сакаат понатамошно дробење на територијата на која се наоѓа Русија и сакаат достап до нејзините природни богатства. До тоа тие сакаат да дојдат со предизвикување на внатрешен конфликт во Русија, а за тоа го користат украинскиот фактор, знаејќи колку се поврзани тие два народа.

No comments:

Post a Comment